Постојат МНОГУ блокови во овој програмски јазик, така да ние ќе ги учиме постепено.
Ќе почнеме со координати.
Координати, мислам дека знаете што се веќе, но ако не знаете, ќе ви објаснам.
Тоа е позиција, односно каде се наоѓа некој предмет, во овој случај мачето.
Тоа, како што можете да видите долу, има координати
х и
у. Тие објаснуваат каде се наоѓа мачето. Не само во овој програмски јазик, туку
СЕКАДЕ се користат овие мерки! Но сега ќе ги учиме овде.
Во Scratch, средината е со координати
(0, 0). Колку одите нагоре,
координатата у се покачува, а колку одите надолу,
координатата у се намалува. За десно,
х се зголемува, а за лево -
се намалува.
Просто, нели?
Но не е толку просто кога јас програмирам, ми требаат
точни координати, а не заокружени на 10 или 100.
КООРДИНАТИТЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ!!!Сега да преминеме на блоковите.
Еве ги сите блокови за менување на координати:
 |
Го мрда објектот колку пиксели сакаш накај што е свртен.
|
 |
| Го носи објектот на наведените х и у. |
 |
| Го носи објектот на произволна позиција. |
 |
| Бавно (или брзо) лизгање до наведените х и у. |
 |
| Бавно (или брзо) лизгање до произволна позиција. |
 |
| Го собира х со наведениот број. |
 |
| Го мести х да биде наведениот број. |
 |
| Го собира у со наведениот број. |
 |
| Го мести у да биде наведениот број. |
 |
| Променливата х |
 |
| Промеливата у |
Тоа се сите блокови за координати, може сега да направиме програма за да ги искористиме! Ајде!
- Ајде да го ставиме "go to 10 10"!
- Сега, да го ставиме "move 10 steps" под него, слепено!
- Сега, да ставиме "glide 1 secs to x -100 y 0"!
- Сега да ги стиснеме блоковите!
Вашите блокови би требало да изгледаат вака:
Ако сакате вашето да започнува со знаме, ставете го овој вондреден блок
(за него ќе учиме во наредни лекции)
Тоа е вашиот код.
Можете да го испробате и тука!