Skip to main content

Т1Л5 - Костуми и големина

 Денеска ќе учиме за костуми на објекти.
Тие го менуваат објектот како да изгледа.
Во следниот прозорец може да ги видиме двата костуми на објектот "Sprite1" како се менуваат.

Да, еве, видовте дека "Sprite1" има 2 костуми. Секако, можеме да му додадеме и повеќе со овие неколку чекори.

  1. Одиме во делот Costumes, горе лево.
  2. Го стискаме мачето долу. 
  3. Избираме костум од дадените.
  4. Го имаме костумот во објектот!
Има и блокови со коишто можеш да менуваш костуми.
Смени се во наведениот костум.


Нареден костум (важен е редоследот на костумите).

Тоа е за костуми.

Сега ќе преминеме на големина.

Големина е... знаете што. Но еве како изгледа во Scratch.
Мрдајте го слајдерот за да ја смените големината.
Епа, со тоа, сакате и ВИЕ да менувате. Сега ќе ви објаснам како.
Со овие блокови.

Смени ја големината за наведениот број %.

Намести го објектот да биде наведениот број %.

МНОГУ ВАЖНО: 100% не е цел екран, туку големината вистинска на костумот.

Сега е на ред ВИЕ да си направите проект!