Skip to main content

Т1Л6 - Графички ефекти

Здраво, ПАК!
Денес ќе учиме за блокови кои додаваат ефекти на објектот.
Во продолжение има проект со кој може да смениме графички ефекти на мачето.

Има неколку ефекти:

  • Боја. Објектот си ја менува бојата, на пример портокаловото маче ќе стане темносино со одреден број за тој графички објект.
  • Рибино око. Средниот дел на објектот ќе се зголеми, но краевите ќе бидат потиснати. Со негативен број на ефектот, средниот дел ќе се потисне, а краевите ќе се рашират.
  • Whirl. Овој ефект ги врти средините на објектите, и пробува да го направи објектот извиткан.
  • Пиксел. Ефектов ги прави објектите со помала резолуција.
  • Мозаик. Го клонира изгледот на објектот, и ги спојува како мозаик.
  • Светлост. Го прави објектот посветол (на 100 е целосно бел) или потемен (на -100 е целосно црн).
  • Дух. Го прави објектот проѕирен на 100, а може да се гледа низ него од 1 - 99.

Тоа е за денешната лекција, сега е на ред ВИЕ да направите проект!