Здраво, ПАК! Денес ќе учиме за блокови кои додаваат ефекти на објектот. Во продолжение има проект со кој може да смениме графички ефекти на мачето. Има неколку ефекти: Боја. Објектот си ја менува бојата, на пример портокаловото маче ќе стане темносино со одреден број за тој графички објект. Рибино око. Средниот дел на објектот ќе се зголеми, но краевите ќе бидат потиснати. Со негативен број на ефектот, средниот дел ќе се потисне, а краевите ќе се рашират. Whirl. Овој ефект ги врти средините на објектите, и пробува да го направи објектот извиткан. Пиксел. Ефектов ги прави објектите со помала резолуција. Мозаик. Го клонира изгледот на објектот, и ги спојува како мозаик. Светлост. Го прави објектот посветол (на 100 е целосно бел) или потемен (на -100 е целосно црн). Дух. Го прави објектот проѕирен на 100, а може да се гледа низ него од 1 - 99. Тоа е за денешната лекција, сега е на ред ВИЕ да направите проект!
Страница за учење на програмскиот јазик Scratch.
Здраво, јас сум Plantt, и јас со помош на други ја правам оваа страница.